Талески и Рајн Некар во бундеслигашкото дерби го „декласираа“ Фуксе Берлин!

Денеска во рамките од 17. коло во најсилното германско ракометно првенство во машка конкуренција…

Составот на Рајн Некар Левен на домашен терен убедливо со конечен резултат 37:23 (18:9) во дербито го совлада Фуксе Берлин.

Најефикасни во победата беа Сигурдсон со 10 голови, три помалку имаше Шмид, а македонскиот интернационалец Филип Талески еднаш се запиша во листата на стрелците.

Се одиграа уште два меча, Кил пред своите гледачи со 30:27 беше подобар од Минден, а Лемго како гостин триумфираше над Н-Либек со 22:25.

На табелата после 14. победа Рајн Некар е на првото место со 28 бодови, еден повеќе од второпласираниот Фуксе Берлин.