Суперлига: Вардарци убедливи и против Еурофарм Работник

Лесно, уверливо и убедливо, во знакот на „црвено-црните” заврши дуелот од второто коло во плеј офот во машката Супер лига каде Вардар триумфираше против Еурофарм Работник со 38-29 (18-18) за втора победа по ред.

Иако „црвено-црните“ играа без четворица стандардни ракометари: Лука Циндриќ, Игор Карачиќ, Илија Абутовиќ и Даниел Шишкарев, не само што немаше неизвесност, туку гостите не можеа во ниту еден дел од играта да парираат.

Вардар во второто полувреме имаше водство и од „плус 15″, но откако сѐ беше решено, тогаш и клупата на европскиот првак ја смени поставата, се „измешаат” играчите, а то аго искористи Еурофарм Работник да намали на пристојни 38-29

Сега за Вардар следува пауза од домашни натпревари, бидејќи во следното коло планирано за 14 или 15 април , Вардарци имаат настап на Ф4 турнирот во СЕХА лигата.

Од понеделник ракометарите имаат и репрезентативни обврски во рамките од ЕХФ неделата.

Фото: rkvardar.mk/Денис Дуковски