Суперлига: Шампионската титула ќе се додели во Автокоманда!

Денешната ждрепка за плејоф-фазата во првенството на Македонија сакаше шампионската титула да се додели во Автокоманда и тоа во јуни месец.

Имено, тогаш Металург и Вардар ќе ја играат својата реванш средба после која шампионот ќе го подигне победничкиот пехар.

Распоред на натпреварите во првото коло од плејоф-групата (24/25 март):

Металург – Тинекс Пролет

Охрид – Вардар

Еурофарм Работник – Пелистер

Распоред на натпреварите во првото коло од плејаут-групата (24/25 март):

Борец – Прилеп

Радовиш – Вардар Јуниор

Металург 2 е слободен