Суперлига: Рутинска победа на Еурофарм Работник против Вардар Јуниор

Трет натпревар и трета пролетна победа на ракометарите на Еурофарм Работник во Суперлигата.

Пред екипата на Илија Темелковски поткелкнаа младите ракометари на Вардар Јуниор, кои загубија со седум разлика од поквалитетниот противник од Битола.

На табелата во македонската машка ракометна Суперлига Еурофарм Работник се искачи на врвот со 40 бодови, иако сеуште се чека дуелот на Пелистер (кој има бод помалку) против Охрид.

Еурофарм Работник – Вардар Јуниор 29-22 (17-10)

Спортска сала „Младост“ во Битола. Гледачи: 1.000. Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК:
Ивановски, Умовист, Ојлески 6, Трајковски 1, Д. Петровски 1, Пецаковски 1, Талевски 1, Чурлевски 1, Мојсовски, Мемиќ, Кукоски, Дрогришки 7, Граџан 1, Кузманоски 4, Мскхвилидзе 6.

Седмерци: 4/3
Исклучувања: 16 мин

ВАРДАР ЈУНИОР:
Н. Кизиќ, Димов, Анѓелковски, Чакалиќ, Крстевски 3, Анастасовски 2, Трајковски 1, Димитров 1, М. Кизиќ, Петковски, Трпчевски 5, Николовски, Димитровски 3, Кукуловски 7, Атанасовски, Цветановски,

Седмерци: 8 минути
Исклучувања: 7/4

Следната недела ќе биде познат распоредот за плеј-офот, а веќе наредниот викенд започнува и борбата за титулата.

Фото: rkeurofarmrabotnik.com