Супер расположен пред ЛШ: Лазаров прв стрелец во новиот триумф на Нант!

Во рамките од 21. коло во најсилното француско ракометно првенство…

Екипата на Нант освои нови бодови на домашен терен против Трембле со резултат 36:31.

Најефикасен во триумфот беше македонскиот интернационалец Кирил Лазаров со осум голови, еден помалку забележа неговиот тимски колега Белегер.

На табелата после 14. победа се наоѓаат на третата позиицја со 30 бодови, зад водечките тимови на ПСЖ и Монпелје кои имаат по 35.

Ова беше добра најава за Нант кој викендов ќе го игра првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите против данскиот Скјерн.