Штербик: Задоволен од ремито, но не и среќен од нашата игра во Унгарија!

Продолжува серијата на Вардар во освојување бодови во Лигата на шампионите…

Од гостувањето во Сегед, Унгарија, „црвено-црните“ се враќаат со бод играјќи нерешено 26-26 (13-14).

Можеа македонските шампиони да ја продолжат и победничката серија, но на 15 секунди до крај во контра Тимур Дибиров не реализираше сигурна шанса.

Раул Гонзалез, тренер на Вардар: „Честитки до Пик Сегед за добрата игра. Нивниот плејмејкер Скубе (4 голови) беше фантастичен и добро комуницираше со своите тимски колеги во текот на дуелот. Јас сум задоволен од освоениот бод и сметам дека на многу екипи ќе им биде тешко да освојат бодови од Сегед“.

Пуштени во продажба билетите за дуелот со Барселона во ЛШ

Арпад Штербик, голман на Вардар: „Ова беше еден тежок натпревар, задоволен од ремито, но не сум среќен од нашата игра, Пик Сегед покажа подобар ракомет. Драго ми е што повторно сме во група со овој противник, а ние често се подготвуваме за нив. Сметам дека унгарската екипа ќе се бори за првите три позиции на табелата“.