Станиќ: Ништо од Вардар, ја завршив кариерата!

Иако се шпекулираше дека поранешниот голман на Металург од наредната сезона ќе го замени Арпад Штербик и ги брани боите на македонскиот и европски шампион…

Како што пренесува „Балкан-Хандбал“ нема ништо од големиот трансфер на Дарко Станиќ во Вардар, односно српскиот „министер за одбрана“ пронајде нова работа и нема намера да му се врати повеќе на професионалниот ракомет.

Нема ништо од тие приказни со Вардар“, вели освојувачот на сребрен медал од ЕП 2012, едно од најголемите имиња на ракометна Србија во 21 век, а за истиот извор вели:

Се вработив во Министерството за млади и спорт. Обврските започнаа минатата недела. Ова е она со што планирам да се занимавам во иднина“.

Последен клуб на Станиќ беше катарскиот Ел Џаиш, претходно освен за тимот од „Автокоманда“ играше уште за Рајн Некар Левен, Битигхајм, Црвена Звезда…

Останува дилемата кој ќе биде новиот голман на Вардар од наредната натпреварувачка сезона 2018/19, моментно на таа позиција се уште Страхиња Милиќ и Даниел Ѓорѓески.