Соопштение на ППД Загреб: После баражот во јуни, ќе разговараме со Червар!

Хрватскиот ракометен клуб ППД Загреб се огласи по повод пишувањата во медиумите околу заминувањето на Златко Сарачевиќ од клупата на крајот од сезоната.

Клубот известува дека Сарачевиќ фактички бил само привремено решение, додека не се постигне договор со Лино Червар, иако тоа не беше презентирано пред јавноста на почетокот од соработката.

Во соопштението се вели дека поради објективни околности и важноста на квалифицискиот мундијалски бараж во јуни против Црна Гора, селекторот на „коцкастите“, Лино Червар побарал одложување на разговорите за преземање на клупата на ППД Загреб.

Тренерот на сениорската екипа Златко Сарачевиќ имаше договор со ППД Загреб до завршувањето на ЕП во Хрватска како тренер на првиот тим со согласност дека во случај на договор помеѓу клубот и Лино Червар за преземање на клупата на ППД Загреб остане во својство како прв помошник. За евентуални новости поврзани за тренер на првиот тим на ППД Загреб во наредната сезона, правовремено ќе ја информираме јавноста“.

Уште од минатата година Червар поради обврските во хрватската репрезентација одлучи РК Металург да го води неговиот помошник-тренер Александар Јовиќ.

Засега нема никаква официјална информација од тимот од „Автокоманда“ околу статусот на Червар и за тоа дали се планира доведување на нов шеф на стручниот штаб за наредната натпреварувачка сезона.

Да додадеме уште дека мечевите помеѓу Хрватска и Црна Гора за пласман на СП 2019 ќе се одиграат како што рековме во јуни, односно првиот натпревар ќе се игра во Осиек на 9. јуни, а реваншот во Подгорица на 14. јуни 2018 год.