Словенците во победничка атмосфера пред дуелот со Македонија

Словенија славеше и во вториот контролен меч против Србија денеска со 33:25, иако имаше негатива од минус еден на полувремето (15:14). На првиот меч потсетување славеа со 36:32 (15:15).

Тоа беше и последна контролка за избраниците на селекторот Вујовиќ пред почетокот на Европското првенство каде што во првото коло на 13. јануари ќе се соочат со Македонија.

Словенија: Благотиншек 1, Хенингман 3, Маргуч 4, Јанц 4, Поточник 1, Цингесар 3, Цехте 1, Медвед 3, Зарабец 2, Безјак 2, Баиришиќ Јаман 1, Гребенц 2, Жабиќ, Мачковшек 2, Сухолезник, Млакар 3, Лесјак (3 одб.), Кастелич (9 одб.)

Европско првенство (12-28 јануари 2018) Хрватска)

Група Ц (Арена Загреб)

Распоред на натпревари:

13. јануари
1. коло (17:15 ч.) Германија-Црна Гора, (19:30 ч.) Македонија-Словенија

15. јануари
2. коло (18:15 ч.) Словенија-Германија, (20:30 ч.) Црна Гора-Македонија

17. јануари
3. коло (18:15 ч.) Германија-Македонија, (20:30 ч.) Црна Гора-Словенија

-ВОЕДНО НА ВИДЕО ЗАПИСОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОЧЕКУВАЊАТА НА СЕЛЕКТОРОТ НА СЛОВЕНИЈА, ВЕСЕЛИН ВУЈОВИЌ ВО ПРЕСРЕТ НА ЕП И ПРВИОТ ДУЕЛ ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА-