Си оди уште една Вардарка: Кликовац продолжува во Унгарија!

Ракометарката која со години наназад настапува во Македонија, Андреја Кликовац, во новата сезона ќе го носи дресот на унгарскиот тим Кишвард.

Кликовац во Македонија е дури од 2011 година, каде најпрвин го носеше дресот на Жито Прилеп, за потоа да дојде во Вардар и да настапува се до 2018 година.

Кликовац како и останатите ракометарки на Вардар, ги очекува Ф4 турнирот во Унгарија, каде можат со титула да се простат од „црвено-црниот“ дрес и Македонија.

Да потсетиме, голем број на стандардни првотимки на Вардар наскоро ќе имаат нов предизвик:

Александра Лакрабер (Флери, Франција), Амандин Лејно (Ѓер, Унгарија), Драгана Цвијиќ (ЧСМ Букурешт, Романија), Андреа Лекиќ (ЧСМ Букурешт, Романија), Јованка Радичевиќ (ЧСМ Букурешт, Романија), Сара Ристовска (Крим, Словенија), Андреа Пенезиќ (Шиофок, Унгарија), Татјана Хмирова (Шиофок, Унгарија), воедно помошникот-тренер Роберто Гарсија Парондо од наредната сезона ќе го води машкиот ракометен клуб на Вардар како наследник на Раул Гонзалез кој ќе биде новиот стратег на ПСЖ.

Исто така во интервјуто за ЕХФ, и Полина Кузнецова најави дека од наредната сезона ќе има нов клуб (не е познато името) од кој се чека официјална информација.