Сениорките на Вардар и без половина тим пресилни во сестринскиот дуел

Ракометарките на Вардар беа убедливи во новиот сестрински дуел од женската лига против Вардар јуниор, па сениорките победија со 48-19 (26-13) за зацврстување на првото место на табелата по 20 одиграни натпревари во првенството.

И покрај поразот, младите Вардарки остануваат во трка за второто место, моментно се на петтото со 36 бода, само два помалку од второпласираниот металург и еден помалку од Пелистер и Куманово на третата и четвртата позиција. До крајот на првенството остануваат на се одиграат уште седум кола.

Тренерот Ирина Дибирова немаше потреба ниту да побара тајм аут во текот на средбата што само ја покажува супериорноста на тимот.

Освен почетните 3-3 се друго беше во знакот на Вардар, првиот тим во серија ја полнеше мрежата на „гостите”. Од 3-3 брзо стигнаа до 8-3, па „скокнаа” на 17-6.

Тоа беше период во кој беше решен победникот и до крајот на средбата се поставуваше само прашање со колкава разлика ќе заврши натпреварот.

Вардар – Вардар јуниор 48-19 (26-13)

ВАРДАР: Кликовац 7, Саздовска 10, Бајрамовска 4, Лазовиќ, Мицевска, Керамичиева 5, Чанаџија 3, Суслина, Хмирова 2, Петровиќ 2, Гичевска 7, Ристовска 8.

Вардар јуниор: Илиќ, Реџеп, Петковска, Николовска 3, Карчева, Стефановска, Николовска, Кицеска, Вељановска 1, Трпевска, Галевска, Диневска 1, Божиновска 4, Филипоска 1, Иванова 1, Николиќ 8.

Фото: zrkvardar.mk