Сениорите продолжуваат со тренинзи во СЦ „Борис Трајковски“

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација се подготвува за настапот на Европското првенство во Хрватска кое ќе стартува на 12. јануари.

Избраниците на селекторот Раул Гонзалес продолжуваат со тренинзи во ВИП Арена Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ – Скопје.

Потсетување, нашата селекција имаше две контролни средби во Белград, за два дена забележа две победи над Саудиска Арабија (37:21) и Србија (32:29).

Македонија на ЕУРО се наоѓа во групата Ц во Загреб заедно со Црна Гора, Словенија и Германија. Првиот меч ќе го има на 13. јануари од 19:30 часот против Словенците.