СЕХА: Вардар ќе го брани трофејот во финалето против ППД Загреб!

Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ се одигра и вториот полуфинален натпревар од Фајнл-фор турнирот во СЕХА Газпром лигата…

Екипата на ППД Загреб со минимален резултат 29:28 (14:11) успеа да го совлада составот на Целје Пивоварна Лашко и на тој начин го обезбеди своето второ финале во регионалното натпреварување.

За хрватскиот тим со седум голови доминираше Павловиќ, следен од Хорват со пет и Шушња четири, додека на спротивната страна за Словенците шест пати во листата на стрелците се запиша Мачковшек.

Во финалето в недела од 20:15 часот ППД Загреб ќе игра против бранителот на титулата, македонскиот шампион Вардар кој претходно во првото полуфинале со 33:24 го совлада белорускиот Мешков Брест.

Претходно од 17:45 часот исто така на 15. април за третото место ќе се борат Целје Пивоварна Лашко и Мешков Брест.

По втор пат во историјата на СЕХА во финалето за шампионската титула ќе се борат Вардар и ППД Загреб, претходно во второто издание од натпреварувањето (сезона 2012/13), во СЦ „Борис Трајковски“ Хрватите по продолженијата триумфираа со 25:24.

Фото: seha-liga.com