СЕХА со 12 клубови и нов систем: Се водат разговори со Веспрем, Киелце, се нудат Израелци, Романци…!

Тоа е идеја, а се чека и официјална потврда во наредниот период…

Претседателот на СЕХА Газпром лигата, Михајло Михајловски истакна дека регионалното натпреварување од наредната сезона ќе брои 12 клубови и дека ќе биде променет системот на натпреварување.

Реално е да имаме две групи по шест екипи, за тоа се разговараше. Не е лесно во овој регион да најдеме квалитетни екипи на ниво на постоечките, но ќе направиме се лигата да биде поквалитетна.

Ќе водиме разговори со екипите на ниво како ППД Загреб, Мешков Брест, Целје Пивоварна Лашко и слични. Веќе водевме разговори со екипите на Веспрем и Пик Сегед. После ќе разговараме и со полските тимови на Киелце и Висла Плоцк.

Не сме размислувале околу руските клубови. Чеховски Медведи падна на квалитет, го нема ниту во Лигата на шампионите, засега таа опција не доаѓа во предвид. Ни се нудат Израелци, Романци, Австријци, но не било тоа што очекуваме да биде во СЕХА лигата која е една од трите најдобри ракометни лиги во светот“, рече Михајловски.

Како што е претходно кажано на прес-конференција, идејата е клубовите да имаат помал број на натпревари од 20 на 14 (со Фајнл-фор).

Фото: balkan-handball.com