СЕХА, Поповски: Ни следува Металург, да ја продолжиме победничката серија! (ВИДЕО)

Вардар лесно ги освои трите бода на дуелот од СЕХА Газпром лигата против Војводина со триумф 37:22 зацврстувајќи се на првото место на табелата.

За македонскиот и европски шампион ова беше 15 победа по ред во СЕХА и 14-ти триумф во 2017 година во регионалното натпреварување. „Црвено-црните” на табелата имаа 27 бода, девет повеќе од второпласираниот Мешков.

Мартин Поповски, десното крило беше еден од најзабележителните со 10 реализирани погодоци.

Еден динамичен натпревар. Гостите не се предаваа до последниот судиски свиреж и покрај големата разлика која ја направивме.

Веќе ги насочуваме погледите кон дербито против Металург, се надевам дека ќе ја продолжиме победничката серија до крајот на годината“.

Македонската пресметка помеѓу Вардар и Металург ќе се одигра на 9. декември (20:45 ч.).