СЕХА лига: Вардар го преслуша и словачкиот првак Татран Прешов!

Екипата на Татран од Словачка се надеваше дека ќе „го фати” Вардар уморен со оглед на патувањето во Полска…

Но, гостите од Прешов заминуваат од Скопје со пораз од 32:28 (18:11) во меч од четвртото коло на СЕХА Газпром лигата.

Поради повреда кај „црвено-црните“ го немаше голманот Страхиња Милиќ, а одмор добија и бековите Даинис Криштопанс и Жоан Кањељас.

На листата на повредени е и крилото Владо Недановски, додека шанса повторно да играат добија Мартин Поповски и Тоше Ончев.

По четири голови во македонскиот и европски шампион постигнаа Фереира, Дибиров, Карачиќ, Шишкарев и Борозан.

На табелата води Вардар со максимални 12 бодови, по седум имаат екипите на ППД Загреб (Хрватска) и Целја Пивоварна Лашко (Словенија).

Во сабота (23. септември, 17:30 часот) го очекува меч против екипата на Нант, во рамките на второто коло од ЛШ во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје.

Фото: seha-liga.com

Leave a Reply