СЕХА: Горење Велење пресилен за Металург (ВИДЕО)

Во новиот натпревар од СЕХА Газпром лигата нов висок пораз за ракометарите на Металург.

Денеска во Словенија избраниците на тренерот Александар Јовиќ загубија убедливо од Горење со резултат 37:25.

Единствено рамноправна битка се водеше во првите пет минути кога „сино-белите“ три пати израмнуваа, а при 3:3 домаќините направија серија од четири голови по што позитивата постепено растеше во текот на средбата.

Негативата стануваше и двоцифрена, на 15. минути до крајот на дуелот тимот од „Автокоманда“ имаше низа од пет погодоци и намали на 30:25 во 54. мин. со надеж дека може да извлече поволен резултат од ова гостување. Но, во последните шест минути македонскиот вицешампион не постигна ниту еден гол, а прими вкупно седум.

Од стрелците кај „сино-белите“ се издвоија Илиќ со осум и Кузмановски со седум голови, заедно Томовски и Даниловски собраа седум одбрани.

На спротивната страна по шест голови имаа Клец и Цехте, следени од Голчар и Вердинек со по пет, а се истакна и голманот Ферлин со 15 одбрани.

На табелата Горење Велење е на петтото место со 24 бодови, додека Металург е седмопласиран со 16. Без шанси за пласман на Ф4, до крајот на сезоната тимот на Јовиќ има да одигра уште три натпревари, најпрвин дома против Мешков Брест (7. март), на гости во Словачка кај Татран Прешов (14. март) и пред своите гледачи во ВИП Арена СЦ „Борис Трајковски“ против Целје.

Фото: sehaphoto.photodeck.com