СЕХА Ф4: Циндриќ МВП, четири играчи на Вардар во „Ол-стар“ тимот!

Од можните девет индивидуални признанија на Ф4 турнирот вардаровите играчи освоија пет, вклучувајќи ја и највредната онаа за МВП (најкорисен играч).

Тоа признание го доби хрватскиот организатор на играта, Лука Циндриќ, во гласањето на новинарите. Илија Абутовиќ е најдобриот дефанзивец.

Во Ол стар тимот се најдоа четири играчи на македонскиот ракометен шампион:

голман: Арпад Штербик (Вардар)
лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
лев бек: Домагој Павловиќ (ППД Загреб)
десно крило: Златко Хорват (ППД Загреб)
десен бек: Жига Млакар (Целје Пивоварна Лашко)
среден бек: Лука Циндриќ (Вардар)
пивотмен: Вјачеслав Шумак (Мешков Брест)

одбранбен играч: Илија Абутовиќ (Вардар)
МВП: Лука Циндриќ (Вардар)

Покрај тоа што објавивме дека Урх Кастелич (ППД Загреб) ја имаше најдобрата одбрана во финалниот меч, тој дојде и до бројката 100 одбрани во СЕХА, а пивотот на Вардар, Мијајло Марсениќ пак стигна до јубилеен број од 200 голови во регионалното натпреварување.

Фото: seha-liga.com