СЕХА: Целје дојде до третата позиција на Фајнл-фор турнирот во Скопје!

Словенечката екипа успеа да го освои третото место на Ф4 турнирот во СЕХА Газпром лигата што се одржува во СЦ „Јане Сандански“.

Денеска Целје Пивоварна Лашко со конечен резултат 31:28 (15:14) го совлада тимот од Белорусија, Мешков Брест.

По пет гола за Мешков имаа Шумак и Хорак, еден помалку Шиловиќ, а во победничките редови Млакар запиша седум погодоци, исто така се издвои и голманот Лесјак со 16 одбрани.

Словенија за прв пат во ова ракометно регионално натпреварување имаше претставник на Ф4 турнирот, од друга страна Мешков по трет пат во клупската историја доаѓа до четвртата позиција на завршницата.

Вечерва од 20:15 часот за титулата ќе играат актуелниот шампион Вардар и ППД Загреб.

Фото: sehaphoto.photodeck.com/Uros Hocevar