Се гледаме во Вараждин: Македонија со тешка, но значајна победа против Црна Гора!

Македонската репрезентација ја оствари и втората победа во групата Ц на Европското првенство.

Денеска во Загреб во рамките од второто коло избраниците на селекторот Раул Гонзалез дојде до тешка минимална победа над Црна Гора со 29:28.

Меч полн со пресврти на крајот нови два бода за „црвено-жолтите“ со што и официјално го обезбедија пласманот во наредната фаза во Вараждин.

Најефикасен во нашите редови беше Кузмановски со пет голови кој после мечот го доби и признанието за играч на натпреварот.

Следуваа Миркуловски и К. Лазаров со по четири, а три имаше Ф. Лазаров. На спротивната страна Чавор шест пати се запиша во листата на стрелците, а пет пати Вујовиќ.

ЕП Хрватска 2018

Група Ц (2. коло, Загреб)

Словенија-Германија 25:25
Црна Гора-Македонија 28:29

Табела:

1.Македонија 4 бодови
2.Германија 3
3.Словенија 1
4.Црна Гора 0

Последно, 3. коло (двојки):

17. јануари (среда)

18:15 ч. Македонија-Германија
20:30 ч. Црна Гора-Словенија

Фото: twitter.com/aa_balkans