РК Пелистер: За три месеци саниран долг од 115.000 илјади евра!

„Почитувани, Преставници на Медиумите, јавните гласила, спортски работници и вљубеници на ракометната игра, повод за денешната прес конференција е финасискиот извештај за првото тримесечие од работењето на новиот управен одбор на Р.К. Пелистер А.Д. – Битола, како и за завршната сметка од претходната година, претставување на официјално новиот тренер на РК. Пелистер. Најава за официјално отворање на реновираните простории.

За нештата бидат појасни за секого, особено за ракометната јавност и нашата верна публика, што до сега е направено и какво е работењето на оваа управа, како што најавивме претходно ќе ја преставиме состојбата во која го затекнавме клубот и какво беше работењето на претходната управа.

Основен долг на РК. Пелистер 5 086 337 денари или 83 000 евра плати за ноември октомври, септември и половина август, а подоцна и декемвриска плата.
Побарувања од конто кон добавивачи во земјата е 618 332 денари или 10 054 евра.

Поединечни побаруања со извршно решение 53 594 денари кон Ројал Секјурити за неисплатени обврски од 2015 година па наваму
Аванси и позајмици на играчи 130 000 денари.

Неподмирени сметки за купување на мобилни телефони на две сметки една 44 000 денари, друга 90 000 денари.

Користење на стан во Карпош со бр. 9-3/45 на име на РК. Пелистер кој долг изнесуваше 396 040 денари или 6 500 евра.

Тужба со извршно решение за случајот Игор Арсиќ кој буквално ја блокира сметката во 595 000 + судски трошоци, извршител и административни и судски такси вкупно 11 000 евра.

Дополнителн трошоци за само себе потрошени средства за такси превоз, самонаградување со дневници за организација на натпревар иако според договорот за работен однос во ракометниот клуб имаат постоечка систематизација и работни обврски, лични фактури за тренерки патики, табли, патувања и исплата на меѓународни лиценци. Врв на целата ситуација, ракометниот клуб го затекнавме без сопствени топки за тренинг и натпревар!

Во овај момент управниот одбор на РК. Пелистер покрај санирањето на долговоите од нашите претходници, врши и тековна исплата на побарување од страна на ракометари и стручен штаб.

Обновени се во целост просториите на Ракометниот Клуб Пелистер во целост и ентериерно и екстериерно, со нова дограма, фан зона и нов спрат во кој се направи простор за тв проследување на натпревари на екипата.

Дополнително е купена комплетна опрема за тренинг и комплетно нова опрема за натпревар од брендот „Hummel” од дресови, тренерки, торбици, топки, смола итн… како дополнителни помагала за потребите на екипата“.