Ристовски и Барселона со трофејот во АСОБАЛ купот!

Барселона го одбрани трофејот во шпанскиот АСОБАЛ куп…

Денеска во големото финале со 28:22 (15:11) успеа каталонскиот гигант да го совлада Адемар Леон.

Македонскиот голман Борко Ристовски остана на клупата, односно не доби шанса за настап, во главна улога беше Гонзало Перез де Варгас со 15 одбрани (1 сед.)

И во полуфиналето во триумфот над Гвадалахара (36:22) нашиот чувар на мрежата ја „грееше“ клупата, а неговиот тимски колега собра 13 интервенции (2 сед.)

Од стрелците во финалниот меч во редовите на Барса доминираа Ривера, Н`Гесан и Мем со по шест погодоци.