РФМ ја одреди паричната награда за успех на сениорите во мундијалскиот бараж против Романија!

На најновата седница на Управниот одбор (УО) на Ракометната федерација на Македонија (РФМ)…

Беше одлучено колкава парична награда ќе добие машката сениорска репрезентација, ако обезбеди пласман на СП 2019 во Германија и во Данска.

Имено, сениорите предводени од селекторот Раул Гонзалез ќе ја имаат истата парична награда што ја добија за своите игри на ЕП во Хрватска – 30000 евра.

Новост е дополнителниот бонус од 10000 евра, ако Македонија ја совлада Романија на двете бараж-средби.

Бараж-натпреварите со Романија се играат на 10 јуни во Скопје, односно на 13 јуни на гостински терен.