Реприза на ланската сезона: Митјиланд е противник на Вардар во четвртфиналето на ЛШ!

Македонскиот женски ракометен клуб Вардар го дозна официјално противникот во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Денеска „црвено-црните“ ја завршија главната фаза со уште една победа над Будуќност во Подгорица со резултат 25:30 и завршија на првото место во групата 2 со освоени 18 бодови.

Истовремено со дуелот во „Морача“ се играше и дуелот од групата 1 помеѓу данските екипи на Митјиланд и Никобинг кој одлучуваше околу противникот на Вардарки во следната фаза.

Откако најпрвин словенечкиот Крим испадна од трката за четвртото место после гостинскиот пораз кај Ѓер, погледите беа насочени во Данска, каде што Митјиланд на домашен терен со 24:20 (10:9) го совлада Никобинг.

На тој начин Митјиланд ќе се соочи со европскиот вицешампион Вардар во четвртфиналето на ЛШ. Домаќин на првиот меч е Митјиланд во периодот од 6-8 април, а реваншот е во Скопје, поточно СЦ „Јане Сандански“ во периодот од 13-15 април 2018 год.

Досегашни резултати помеѓу Вардар и Митјиланд во Лигата на шампионите:

Сезона 2013/2014
Главна фаза
Вардар-Митјиланд 24:23
Митјиланд-Вардар 25:24

Натпревар за трето место на Ф4 турнирот
Вардар-Митјиланд 34:31

Сезона 2015/2016
Прелиминарна фаза
Вардар-Митјиланд 33:24
Митјиланд-Вардар 15:25

Сезона 2016/2017
Четвртфинале
Митјиланд-Вардар 26:28
Вардар-Митјиланд 26:24

Лига на шампиони (сезона 2017/2018)

Главна фаза, последно 6. коло:

Група 1

Ростов Дон-ЧСМ Букурешт 25:24
Ѓер-Крим 34:25
Митјиланд-Никобинг 24:20

Табела:

1.Ѓер 16 бодови
2.Ростов-Дон 15
3.ЧСМ Букурешт 13
4.Митјиланд 6
5.Никобинг 5
6.Крим 5

Последно, 6. коло – Група 2

Будуќност-Вардар 25-30
Недела (17:00 ч.) Битигхајм-ФТЦ
Недела (17:00 ч.) Мец-Турингер

Табела:

1.Вардар 16 бодови
2.ФТЦ 12
3.Мец 12
4.Будуќност 8
5.Турингер 4
6.Битигхајм 2

Четвртфинале

Митјиланд-Вардар
Будуќност-Ѓер
ФТЦ/Мец-Ростов Дон
ЧСМ Букурешт-ФТЦ/Мец

В недела (11. март) ќе се дознаат и останатите две четвртфинални двојки, Ростов Дон го чека третопласираниот од групата 2, а второпласираниот од истата група ќе ги одмери силите со ЧСМ Букурешт.

Фото: zrkvardar.mk