Регионална лига: Од утре бодрете ги Вардарки во новите мечеви против Крим и Будуќност!

Според распоредот утре, на 19 јануари (сабота), во 17:00 часот ќе играат ЖРК Вардар (Македонија) и Будуќност (Црна Гора), а следниот ден, на 20 јануари во 17:00 часот се среќаваат Будуќност и Крим (Словенија).

Двата натпревари ќе се играат во малата сала при СЦ „Јане Сандански“ – Скопје В недела, на 21 јануари, во 17:00 часот силите ќе ги одмерат Крим и Вардар во големата сала на центарот.

На претходните два турнири одржани во Подгорица и во Љубљана, македонскиот женски ракометен шампион славеше на сите четири одиграни натпревари.

Овие натпревари за ЖРК Вардар ќе бидат последна контрола пред продолжувањето на натпреварите од ЕХФ лигата на шампионите. За десетина дена, на 27 јануари во ЕХФ ЛШ „црвено-црните“ се домаќини на француската екипа Мец.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

Желба на Лејно и Лакрабер: Златото да засјае и на дресот на Вардар во ЛШ!

Целта е освојување на европската круна, Пенезиќ: Се надевам дека ова е наша година!

ЛШ: Вардарки ќе ја започнат главната фаза на 27 јануари!

Распоред на натпревари од 3 турнир во ВРХЛ:

19.01.2018 – мала сала СЦ „Јане Сандански”
Вардар – Будуќност (17 ч.)
20.01.2018 – мала сала СЦ „Јане Сандански”
Будуќност – Крим (17 ч.)
21.01.2018 – голема сала СЦ „Јане Сандански”
Крим – Вардар (17 ч.)

Фото: zrkvardar.mk