Ракчевиќ: Црна Гора до победа, а на моите Македонци им посакувам финале на ЕП! (ФОТО)

Поранешниот борбен пивот на Металург и Вардар се огласи на фејсбук по повод денешниот натпревар на ЕП помеѓу Црна Гора и Македонија во Загреб.

Младен Ракчевиќ кој се наоѓаше во поширокиот список кај црногорскиот селектор Драган Ѓукиќ не се наоѓа во составот за мечевите на евро-шампионатот.

Секако вечерва посакува победа на Црна Гора во рамките од групата Ц, но од друга страна на Македонците им посакува дури финале на континенталниот собир во Хрватска.

Ракчевиќ има незаборавни спомени и успешни настапи на домашната и меѓународната сцена со моментно најдобрите две ракометни екипи во нашата земја.

Денешниот меч за мене лично е многу специфичен дури и за гледање! Со сите тие играчи на Македонија со години го делев истиот леб, живеевме заедно и си споделувавме и добро и лошо.

Не е тајна дека Македонија после Црна Гора ја сакам најмногу, дека таму поминав преубав период од животот, се афирмирав во целост како играч…

Сепак, денеска ќе си посакам триумф на мојата Црна Гора, а на моите Македонци им посакувам да дојдат до финале на Европското првенство“.