ПСЖ е првиот полуфиналист во Лигата на шампионите

Денеска се дозна првиот учесник на Ф4 турнирот во Келн од машката ракометна Лига на шампионите…

И на реваншот составот на ПСЖ успеа овојпат на домашен терен да го совлада Киелце со резултат 35:32 (17:15).

Да потсетиме, на првиот дуел одигран во Полска францускиот клуб триумфираше со уште повисока разлика (28:34).

На возвратниот меч кој го судеа Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, најефикасни во редовите на ПСЖ беа Ремили со девет голови, по пет забележаа Нилсен и Хансен.

На спротивната страна по пет пати во листата на стрелците се запишаа поранешниот Вардарец Душебаев и Биелецки, четири забележа Јанц.