Против кого Македонија на ЕП: „Вујо мајсторе“, бундеслигашка чета, ги знаеме Борозан, Анѓелиќ…!

Откако претходно се објави веста дека селекторот на Македонија, Раул Гонзалез, го објави поширокиот списокза настапот на Европското првенство во Хрватска 2018 година…

Своите списоци до Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги испратија и противниците на нашата селекција, Германија, Црна Гора и Словенија.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

Гонзалез го објави поширокиот список за ЕП Хрватска 2018

Словенците кои што се наш прв противник на ЕУРО се предводени од селекторот Веселин Вујовиќ имаат екстремно квалитетни имиња кои што настапуваат во врвни клубови, како што се Бомбач, Доленец, Габер, Јанц, Кавтичник, Маргуч, Скок, Зарабец..

Потоа, Црногорците со кои ќе се сретнеме во второто коло од групата Ц во Арената Загреб, на чело со стратегот Драган Ѓукиќ, исто така располага со звучни имиња кои што и настапуваат во нашите најдобри клубови. Ќе ги спомнеме Борозан, Анѓелиќ, потоа Ракчевиќ, Липовина, Шеваљевиќ, Симиќ…

И на крајот Германците кои секако доаѓаат на ЕП со играчи воглавно од Бундеслигата, единствено се издвојува Генсхајмер кој ги брани боите на ПСЖ. Кристиан Прокоп исто така има 28 имиња, може да се истакнат Хајневетер, Волф, Пекелер, Виенчек, Грецки, Дамке…