Пред мечот со Вардар: Барса и Ристовски го добија дербито во АСОБАЛ лигата!

Како подготовка пред новиот натпревар од Лигата на шампионите против Вардар во Скопје на 14. октомври (сабота, 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“)…

Барселона во дербито на шпанската ракометна АСОБАЛ лига триумфираше на гостински терен против Ла Риоха со 25:32.

Македонскиот голман Борко Ристовски имаше само две одбрани (2/15), додека неговиот клупски колега Перез де Варгас беше подобар со 13 одбрани (13/25).

Од стрелците кај Барса доминираше словенечкиот десен бек Јуре Доленец со седум голови (7/7). На табелата со по максимални 12 бодови водат Барселона и Анаитасуна.

Продажбата на билетите за натпреварот Вардар – Барселона се врши преку продажната мрежа на ТикетПлус, како и онлајн на www.ticketplus.mk.

Цената на билетите за овој натпревар е:

Трибина – 350 денари
Стоење – 150 денари