Повредата е минато, Лазаров тренира со репрезентацијата

Капитенот на сениорите е дел од тренинзите во рамките од ЕХФ неделата.

Кирил Лазаров претходно се жалеше на повреда на стомачните мускули поради што пропушти неколку натпревари изминатиот период за францускиот клуб Нант.

Сега се е во најдобар ред со најдобриот македонски репрезентативец и тој тренира во Скопје со своите репрезентативни колеги.

Не тренираа Филип Кузмановски и Филип Талески кој се здобил со повреда при настапите за бундеслигашот Рајн Некар Левен.

Селекторот Раул Гонзалес нема да има пријателски натпревари во однос на останатите национални селекции, само ќе се тренира како подготовка пред настапот во јануари 2018 год. на Европското првенство во Хрватска каде што ривали ни се Словенија, Црна Гора и Германија.