После регионалната ВРХЛ титула, Вардарки го одбранија трофејот во домашното првенство!

Вардар је одбрани титулата во домашното првенство откако триумфираше денеска на гостувањето кај Металург, 17:47 (5:22)…

После 21. одигран натпревар Вардар е прв на табелата со 63 бодови, 22 повеќе од второпласираниот Металург на седум кола до крај на првенството.

Освен што продолжи низата на победи во домашното првенство избраничките на тренерот Ирина Дибирова ја надминаа и границата од 1000 постигнати голови, по денешната победа имаат вкупно 1009 постигнати голови досега, а останува да одиграат уште седум кола до крајот на шампионатот.

Ги имаа расположените Јован саздовска и Сара Ристовска кои заедно постигнаа 23 гола, а двоцифрен учинок имаше и голманката Јована Мицевска. Сѐ беше решено уште во првото полувреме кога Вардар имаше водство од 5:22. Се друго беше формалност, па на мечот немаше потреба ниту да играат некои од поискусните иако беа во состав и на клупата.

Најефикасни во редовите на Вардар беа Ристовска со 12 голови, еден помалку имаше Саздовска, а на спротивната страна во тимот од „Автокоманда“, по три погодоци имаа Божиновска, Тасевска и Ѓеоргиевска.

Да потсетиме, „црвено-црните“ во изминатиот период во СЦ „Јане Сандански“ го одбранија и трофејот во регионалната ВРХЛ лига на последниот турнир во Скопје сезонава во конкуренција на Будуќност (Црна Гора) и Крим (Словенија).

Фото: zrkvardar.mk