Поширок список на ракометарки до 20 години пред мундијалските квалификации

Селекторот на женската младинска репрезентација, Јулијана Дамчевска го објави поширокиот список на ракометарки кои се повикани за припреми пред квалификациските натпревари за Светското првенство У20.

На списокот се наоѓаат вкупно 22 ракометарки, а собирот е закажан за сабота во салата во Автокоманда.

Повикани ракометарки – spisok_na_rakometarki_povikani_za_sobir-zhenska_mladinska_reprezentacija-u20_03032018.pdf

Турнирот ќе се игра во Исланд во периодот од 23-25 март, а нашите ракометни надежи ќе го имаат следниот распоред на натпревари:

23. март Македонија-Исланд (19:00 ч.)
24. март Македонија-Литванија (14:00 ч.)
25. март Македонија-Германија (10:30 ч.)