Полна сала на Вардар-Барса, Стоилов: Сите желни за игра, за ПОБЕДА!

Денеска се одржа прес-конференција пред натпреварот од 5.коло во групната фаза од ВЕЛУКС ЕХФ лигата на шампионите помеѓу екипите на Вардар (Македонија) и Барселона (Шпанија) на нашиот репрезентативен голман Борко Ристовски.

Натпреварот меѓу Вардар и Барселона е закажан за 14 октомври 2017 година со почеток во 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански” – Скопје.

Очекувањата во пресрет на дербито од групата А ги споделија тренерот на „црвено-црните“, Раул Гонзалез и пивотот на Вардар, Стојанче Стоилов:

Барселона располага со многу добри играчи, ако сакаме да оствариме добар резултат, ќе мора нашата одбрана да биде на највисоко ниво.

Паметно треба да влеземе во натпреварот, и двете екипи имаат ист број на бодови во групата, ова е добра шанса за нас со триумф да бидеме на првото место, но ќе биде тешко.

Не смее да ни се случи изданието од Супер Глоуб кога загубивме од нив, односно во најголемиот дел од тој меч во Доха бевме слаби“, изјави Гонзалез кој додаде дека за овој дуел на располагање ќе го има и хрватскиот плејмејкер Игор Карачиќ кој се врати од повредата и започна да тренира.

Се согласувам со тренерот дека Барселона е една од најдобрите екипи во светот. Нивниот голман им е најдобар (Перез де Варгас), тие ни го нанесоа единствениот пораз сезонава, од друга страна добра е атмосферата во нашите редови, сите се желни и подготвени за игра, нема повредени.

Воедно ги повикувам навивачите да дојдат во што поголем број и заедно со нив да се обидеме да триумфираме. Денес се игра еден модерен и брз ракомет, грешки се случуваат, но кој ќе ги има помалку, верувам дека ќе биде подобар.

Исто така, сметам дека добро се носиме со притисокот како европски шампиони, не „летаме во облаци“, исти сме како и лани, сите се бориме за една цел, а тоа е победа“, рече Стоилов.

Да додадеме уште дека според информациите се очекува полна сала в сабота, билети останаа само за стоење.