Пешевски: Навистина штета, на крајот среќата ни го сврте грбот! (ВИДЕО)

Македонската репрезентација испушти одлична можност да биде во трка за една од првите две позиции на табелата во групата 2 кои водат во полуфиналето.

Во еден драматичен финиш во Вараждин на Европското првенство избраниците на селекторот Раул Гонзалез загубија од Чешка со конечен резултат 25:24, иако имаа и пет голови разлика во текот на второто полувреме.

Пивотот на македонската репрезентација, Жарко Пешевски, играчот на Металург еднаш се запиша во листата на стрелците:

Навистина штета, направивме многу технички грешки, среќата ни го сврте грбот на крајот од натпреварот кога најмногу ни требаше. Еве не го реализиравме и тој пенал (преку Манасков) на крајот, навистина штета.

Утре е нов ден, ќе размислуваме после овој меч за следниот противник (Данска) и со иста процедура како на сите досегашни натпревари, се надевам дека добро ќе се подготвиме и дека на крајот ќе извлечеме позитивен резултат“.

Последниот трет дуел ќе го имаме утре (24. јануари) со почеток од 18:15 часот против селекцијата на Данска.

Фото: cro2018.ehf-euro.com/Nebojsa Tejic