Пенезиќ и Циндриќ најдобри во хрватскиот ракомет за 2017 година

Покрај тимските награди што ги собра Вардар во Македонија за постигнатиот успех, и повеќемина негови ракометари исто така добија и индивидуални признанија.

Лука Циндриќ е избран за најдобра ракометар во Хрватска за 2017 година во изборот на ХРС и спорсткиот весник Спортске Новости.

Во изборот на најдобрите пет ракометари на Хрватска, дури тројца беа од Вардар. Лука Циндриќ победи со 72 гласа пред Иван Чупиќ кој доби 45 гласа и Игор Карачиќ како третопласиран со 21 бод.

Потоа, левиот бек Андреа Пенезиќ е избрана на најдобра ракометарка на Хрватска за 2017 година, а ова е нејзина осма ваква титула.

Таа убедливо го освои првото место во изборот на ХРС и весникот Спортске Новости. Пенезиќ доби 75 бода од жирито, пред Стела Посавец која собра 41 бод.

Играчот на Вардар во 2017 година беше една од најдобрите стрелци во ЛШ, стигна до финалето на најквалитетното европско натпреварување, ја освои регионалната ВРХЛ лига и плус ја освои двојната круна во Македонија.