Освоен Торшавн: Прв триумф за македонската женска репрезентација во евро-квалификациите!

Македонската женска сениорска ракометна репрезентација го оствари првиот триумф во квалификациите за ЕП.

Вечерва во Торшавн избраничките на селекторот Симовски ја совладаа селекцијата на Фарски Острови со резултат 15:22 (7:7).

Најефикасна во нашата селекција беше Ристовска со осум голови, по четири имаа Керамичиева и Бајрамоска, а на спротивната страна пет погодоци беа дело на Турид Самуелсен.

Македонија: Николовска, Гакидова 3, Д. Ѓорѓиевска, Петковска, Бајрамоска 4, Нолевска, Е. Ѓеорѓиевска 1, Серафимовска, Николиќ, Керамичиева 4, Јанеска, Јовановска, Ристовска 8, Ливриниќ, Саздовска 2, Штериова.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 4 мин.

Во вториот меч од групата 3 репрезентацијата на Србија дојде и до третата победа дома забележана над Шведска (30:23).

После три кола на табелата води Србија со шест бодови, пред Швеѓанките кои имаат четири, претпоследна е Македонија со два, а без бодови Фарски Острови.

Во четвртото коло нашите најдобри ракометарки ќе се соочат повторно против Фарски Острови овојпат в недела (25. март, 19:00 ч.) во СРЦ „Кале“ – Скопје.

Како што најави Ракометната федерација на Македонија (РФМ), влезот на овој натпревар ќе биде слободен.

Фото: portal.fo/Sverri Egholm