Остануваат шансите за ЕП 2018: Македонија по втор пат слави против Фарски Острови!

Македонската женска сениорска ракометна репрезентација ја оствари и втората победа во квалификациите за ЕП 2018…

Избраничките на селекторот Симовски откако претходно триумфираа во Торшавн, сега и во Скопје поточно во СРЦ „Кале“ по втор пат ја совладаа селекцијата на Фарски Острови со 28:24 (14:8).

Најефикасни во редовите кај нашите најдобри ракометарки беа Саздовска со седум голови, следен од Е. Ѓеорѓиевска со шест.

После четири кола во групата 3 по шест бодови имаат Србија и Шведска, а Македонија третопласирана со четири, без бодови на дното е Фарски Острови.

До крајот на квалификацискиот циклус остануваат уште две кола каде што македонската репрезентација ќе ја бара шансата за учество на следниот Мундијал против фаворитите во групата.

Најпрвин на 30. мај ќе биде пречекана Шведска, а на 3. јуни со почеток од 18:00 часот сениорките ќе и гостуваат на Србија.

Фото: facebook.com/rfmofficial/Филип Вирановски