Ослабени во одбраната: Македонија без Јоновски во баражот за СП против Романија! (ФОТО)

Како што официјално пренесуваат од неговиот германски клуб Ратинген, Ацо Јоновски вкупно три месеци ќе паузира од ракометните терени.

Македонскиот репрезентативец се здоби со повреда на градниот мускул и нема да биде дел од мундијалскиот бараж во јуни против Романија.

Да потсетиме, нашата најдобра селекција предводена од селекторот Ацо Јоновски првиот меч од баражот за СП 2019 ќе го игра на домашен терен на 10. јуни во ВИП Арена СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје (20:30 ч.), а реваншот е на 13. јуни 2018 год. со почеток од 18:30 ч. во Клуж Напока.