„Операторот“ кој стои зад успехот, Гонзалез: Покажавме квалитет кога беше најважно!

После историската средба со Словенија, своја изјава имаше и македонскиот селектор…

Раул Гонзалез, секако задоволен од победата, остана приземен и зборуваше без еуфорија:

Ја победивме Словенија и сега имаме два бода. Задоволен сум од сите мои ракометари, ја победивме третата репрезентација на светот.

Во првите 15. минути игравме лошо, промашивме многу шанси во нападот, како и ситуации „еден на еден“ со голманот, но во продолжението одигравме многу подобро.

Во второто полувреме стигнавме и до убедлива предност. На моменти ни беше многу тешко, но покажавме квалитет кога тоа беше најважно.

Нападот ни беше многу добар, исто така и одбраната, морам да бидам задоволен, но и што поскоро да ги насочам своите мисли и мислите на моите ракометари на дуелот со Црна Гора“.

Следниот натпревар „црвено-жолтите“ на Европското првенство во Загреб ќе го имаат в понеделник (15. јануари) од 20:30 часот против Црна Гора.

Фото: cro2018.ehf-euro.com/Nebojsa Tejic