Официјално: Манасков го продолжи договорот со Веспрем

Унгарскиот клуб е задоволен од перформансите на македонскиот репрезентативец и пред крајот на 2017. година одлучија да ја продолжат соработката.

Официјално Веспрем објави дека левото крило Дејан Манасков ќе остане до 2020. година. Досегашниот учинок на нашиот играч е 64 голови од 21 натпревар.

Претходно ги бранеше боите на Рајн Некар Левен по што се пресели во Веспрем каде што досега покажува многу добри перформанси.

Тоа значи воедно Манасков ќе биде тимски колега од наредната сезона со голманот на Вардар, Арпад Штербик.

Сезонава во Лигата на шампионите Веспрем во групата Б после 10. кола е на третото место со 13 бодови, а немилосрдно „гази“ во унгарското првенство со досега максимални 15 победи на врвот.