Официјалната песна на Еуро 2018 во Хрватска! (ВИДЕО)

Во периодот од 12-28 јануари 2018 год. ќе се одржи 13. по ред Европско првенство во сениорска машка конкуренција.

Да потсетиме, македонската репрезентација предводена од селекторот Раул Гонзалес ќе играат во Загреб во групата Ц со Словенија, Црна Гора и Германија.

На само еден месец до почетокот на ЕУРО, објавена е официјалната песна за овој континентален собир кој што ќе се одржи во Пореч, Сплит, Вараждин и Загреб.

Песната се вика „On the wings of victory“ (На крилјата на победата“) која ја изведува и ја напиша хрватската пејачка Индира Левак, одговорен за музиката е Бранимир Михаљевиќ кој воедно е и продуцент заедно со Денз.

Брзата и енергична мелодија го отсликува натпреварувачкиот дух на шампионатот со цел да им се даде одлична забава на навивачите во текот на целиот настан.