Одличен старт има Македонија на ЕП, победничкото селфи од Загреб! (ФОТО)

После две кола Македонија заедно со Хрватска, Франција и Шпанија се единствените на Европското првенство 2018.

Избраниците на селекторот Раул Гонзалез со триумфите над Словенија (25:24) и Црна Гора (29:28) обезбедија официјално пласман во главната фаза која што ќе се одржи во Вараждин.

Последниот трет натпревар од групата Ц во Загреб „црвено-жолтите“ ќе го имаат в среда (17. јануари) со почеток од 18:15 часот против актуелниот бранител на европската титула, Германија.

И на дуелот против Црногорците во загрепската Арена одлична поддршка дадоа македонските навивачи, а сигурно се очекува уште поголем број на дуелот против Германците.

СЕКОЈА ЧЕСТ И ЗА МАКЕДОНСКИТЕ НАВИВАЧИ ВО ЗАГРЕБ:

 

Фото: facebook.com/rfmofficial
Фото: twitter.com/EHFEURO/media