Ново признание за Арпад Штербик (ФОТО)

Секој месец од јануари 2016, новинарите кои соработуваат со Европската ракометна федерација, гласаат за играчи на месецот.

Понекогаш играч го брани признанието од минатиот месец, како што беше во овој случај шпанскиот голман Арпад Штербик.

Неговите перформанси во Лигата на шампионите за бранителот на титулата, македонскиот и европски шампион Вардар, беа наградени со втора награда по ред.

Ноември беше тежок месец за нас. Задоволен сум што освоивме три бода од двата натпревари против Рајн Некар Левен. Дома одигравме скоро совршено, на гости не бевме доволни добри, но дојдовме до еден бод. Исто така триумфиравме против ППД Загреб, иако во минатото имавме лош рекорд против овој ривал.

Без оглед на фактот дека ова е последната сезона во Вардар за мене, секој натпревар е многу важен и секогаш го давам максимумот за да му помогнам на мојот тим.

Во принцип, треба да бидеме многу задоволни, бидејќи ја завршивме годинава на првата позиција во групата и тоа беше нашата цел. Сега треба да се одмориме и се надевам дека сите ракометари после Европското првенство во Хрватска ќе бидат способни за да можеме да ја продолжиме нашата успешна серија“, рече голманотна Вардар, Штербик кој од наредната сезона ќе продолжи во унгарскиот гигант Веспрем.

Во женска конкуренција, Ивета Лузумова е првата чешка ракометарка во историјата што доаѓа до ова признание благодарение на нејзините голови за германскиот Турингер.

Фото: rkvardar.mk