Нови проблеми за Црна Гора: Без голманот Симиќ на ЕП!

Како што пренесуваат црногорските медиуми, нов хендикеп за националната ракометна репрезентација во пресрет на Европското првенство.

После левиот бек Вуко Борозан (Вардар), евро-шампионатот ќе го пропушти и голманот Небојша Симиќ поради повреда на мускул.

Црногорците се во групата Ц (Загреб) со репрезентациите на Македонија, Словенија и Германија. Дуелот со Македонија ќе го има во второто коло на 15. јануари.

Еве кои репрезентативци на Црна Гора ќе патуваат на ЕУРО:

Голмани: Раде Мијатовиќ, Миле Мијушковиќ.
Крила: Милош Вујовиќ, Игор Марковиќ, Марко Ласица, Мирко Радовиќ, Игор Радојевиќ.
ПивотИ: Немања Грбовиќ, Вук Лазовиќ, Небојша Симовиќ.
Бекови: Милош Божовиќ, Стеван Вујовиќ, Жарко Пејовиќ, Божо Анѓелиќ, Владан Липовина, Стефан Чавор, Иван Перишиќ.