Нов триумф на Бешикташ: Прибак со четири гола против Анталијаспор!

Во својот деветти натпревар оваа сезона во најсилното турско првенство, екипата на Бешикташ дојде до осмиот триумф.

Македонскиот интернационалец Немања Прибак четири пати се запиша во листата на стрелците, а Филип Лазаров ниту еднаш.

На гостински терен со конечен резултат 25:30 беше совладан тимот на Анталијспор за моментно прво место со 16 бодови и еден меч помалку за Бешикташ во однос на Ескишехир (15) и Анкараспор (14), на втората, односно третата позиција во генералниот пласман.