Нов предизвик во ЛШ: Вардарки тргнаа за Германија по нов триумф!

Ракометарките на Вардар заминаа за Германија каде во недела (14 ч.) треба да го играат вториот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите против тимот на Турингер.

За Германија отпатуваа 17 ракометарки, а само третиот голман, 17 годишната Јована Мицевска остана во Скопје. Вардар и Турингер досега имаат одиграно 6 меѓусебни натпревари во ЛШ. „Црвено-црните” се поуспешни и имаат четири победи и едно реми.

Единствено во ноември 2014 година Турингер триумфираше во Германија со 21-20. Од трите досегашни гостувања на гостински терен кај Турингер имаме едно реми и еден триумф, во март годинава, 31-29.

Двете екипи во првото коло победија во групната фаза од ЛШ. Германскиот тим во првото триумфираше на гостински терен во Норвешка, кај Ларвик, 31-27, а чешката интернационалка Ивела Лузумова постигна 13 гола за Турингер.

Вардар исто така победи во првото коло, дома со ФТЦ, 34-31. Германките сезонава се засилија со седум нови ракометарки, а пет си заминаа. Судии на средбата во Германија во недела се Русите, Алексеј Кијашко и Димитри Киселев.

Фото: zrkvardar.mk