Нов пораз на Нант во Франција: Лазаров втор стрелец против ПСЖ!

Во дербито од францускиот ракометен шампионат ПСЖ на домашен терен триумфираше против Нант со резултат 31:29.

Македонскиот интернационалец Кирил Лазаров имаше четири голови, два од пенал, (колку и неговиот тимски колега Еспен-Лие Хансен), а поефикасни од нив беа Николас Клер и Николас Турна со по шест погодоци).

На спротивната страна во победничките редови осум погодоци беа дело на Микел Хансен, следен од Недим Ремили со четири.

На табелата води Монпелје со 35 бодови, два повеќе од второпласираниот ПСЖ, а трет е Нант (после петтиот пораз сезонава) со 28.