Нов блесок на Георгиевски: ЧСМ Букурешт го урна лидерот во Романија!

Откако пред девет дена беше прв стрелец со голови (8/9) во триумфот кај Политехника Јаши…

Македонското десно репрезентативно крило повторно блеска во најквалитетната романска ракометна лига, откако ЧСМ Букурешт го урна лидерот на табелата Динамо Букурешт кој практично го претрпе првиот пораз сезонава (33:20).

Гоце Георгиевски беше прв стрелец во победата на ЧСМ Букурешт со шест голови, без нитуеден промашен удар (6/6).

Одорхеи славеше на гостувањето кај Васлуи со 19:31, иако на полувремето имаше само минимални 13:14, а во триумфот придонесе нашиот плејмејкер Горан Кузманоски кој три пати се запиша во листата на стрелците.

На табелата и понатаму води Динамо Букурешт со 18 бодови, ЧСМ Букурешт после четвртата победа (трета по ред) е на петтото место со 12 бодови. Одорхеи е на третата позиција во генералниот пласман со 13 бодови, три помалку зад вторангираната Стеауа.