Нолевска и Виборг во полуфиналето од Купот на ЕХФ

И во реванш четвртфиналниот натпревар триумфираше екипата на Виборг…

Откако на првиот меч во Данска славеше со 28:21, овојпат на возвратниот дуел во Норвешка минимално со 26:27 над Ларвик.

Македонската интернационалка Наташа Нолевска беше во составот на Виборг, но овојпат не се запиша во листата на стрелците.

Кај нејзините тимски колешки доминираа Норгаард Остербале со седум погодоци и Нилсен со пет постигнати голови, а на спротивната страна осум запиша Бреистол.

Во полуфиналето Виборг ќе игра со подобриот од пресметката помеѓу Кристиансанд (Норвешка) и Брест (Франција). На првиот меч Кристиансанд на домашен терен триумфираше со 26:17.

Познат е уште еден патник во полуфиналето, станува збор за романската екипа на Крајова која пак ја елиминираше руската Лада. Крајова го чека победникот од балканската пресметка помеѓу Залау (Романија) и Кастамону (Турција).