Нолевска и Виборг со прва победа во групите од Купот на ЕХФ

Во второто коло од групата Ц во Купот на ЕХФ, составот на Виборг ја забележа првата победа.

Во скандинавскиот дуел данскиот клуб славеше на гостувањето кај норвешкиот Бјасен со резултат 21:28.

Македонската ракометарка Наташа Нолевска придонесе во освојувањето на новите бодови со еден погодок.

Кај нејзините тимски колешки најефикасни беа Јоергенсен со шест и Стромберг со пет голови, а на спротивната страна Хогдал забележа шест, а еден помалку Јакобсен.

Во некомплетното коло по два бодови имаат Виборг, Кастамону, Бјасен, а ниту еден Вистал Гдиња.